САМОАНАЛИЗА, ИЛИ 50 ПРАШАЊА КОИ ЌЕ ВИ ГО ОСЛОБОДАТ УМОТ

4 Apr

Овие прашања немаат точен или неточен одговор. Бидејќи понекогаш поставувањето на вистинското прашање е одговор.

20141223193403-question-mark

  1. Колку години би имале да не знаете колку сте стари?
  2. Што е полошо, да не успеете или да не се обидете?
  3. Ако животот е толку краток, зошто работиме толку работи што не ги сакаме и сакаме толку работи што не ги работиме?
  4. Кога сè ќе биде кажено и направемо, дали ќе имате чувство дека повеќе сте рекле отколку што сте направиле?
  5. Кое нешто би сакале најмногу да го промените на овој свет?
  6. Кога среќата би била национална валута, на која врста работа би се обогатиле?
  7. Дали го работите она во што верувате, или се насочувате кон она што го работите?
  8. Кога просечниот човечки живот би бил 40 години, како би го живееле својот живот?
  9. Во колкава мерка всушност го контролирате курсот на својот живот?
  10. Дали повеќе размислувате да ги работите добро работите или пак да работите добри работи?
  11. На ручек сте со три личности што ги почитувате и на кои им се восхитувате. Сите три почнуваат да го критикуваат вашиот добар пријател, не знаејќи дека го познавате. Нивните критики се одвратни и неоправдани. Што ќе сторите?
  12. Кога би можеле на новородено бебе да му понудите еден совет, што би било тоа?
  13. Дали би прекршиле закон за да спасите сакана особа?
  14. Дали некогаш сте виделе лудило што подоцна сте го гледале како креативност?
  15. Кое е нештото што знаете дека го правите поинаку од другите?
  16. Како тоа нештата што ве прават среќни не ги усреќуваат и сите останати?
  17. Постои ли нешто што не сте го направиле, а навистина сакате да го направите? Што ве спречува?
  18. Дали се држите за нешто од што е потребно да се ослободите?
  19. Кога би морале да се преселите во друга држава, која држава би била тоа и зошто?
  20. Дали го притискате копчето за повикување на лифтот неколку пати? Дали навистина верувате дека така лифтот навистина ќе оди побрзо?
  21. Дали повеќе би сакале да битете загрижен гениј или весела будала?
  22. Зошто вие сте вие?
  23. Дали вие сте онаа врста на пријател кој вие би сакале да го имате?
  24. Што е полошо, кога ваш добар пријател се отсели, или кога ќе изгубите контакт со пријателот кој живее покрај вас?
  25. На што сте најмногу благодарни?
  26. Дали порадо би ги изгубиле сите свои спонеми, или би ја изгубиле можноста да стекнете нови спомени?
  27. Дали е можно да ја знаете вистината без претходно да ја предизвикате истата?
  28. Дали вашиот најголем страв некогаш се обвистинил?
  29. Се сеќавате ли на времето пред пет години кога сте биле многу вознемирени? Дали тоа сега е битно?
  30. Кој е вашиот најсреќен спомен од детството? Што го прави толку посебен?
  31. Во кое време од неодамнешното минато сте се чувствувале најстравствени и најживи?
  32. Ако не сега, кога?
  33. Ако тоа се уште не сте го постигнале, што имате да изгубите?
  34. Дали некогаш сте биле со некого, ништо не сте зборувале, а сте имале чувство дека токму тогаш сте го воделе најдобариот разговор некогаш?
  35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта предизвикуваат толку војни?
  36. Дали е можно без сомнеш да знаеш што е добро, а што лошо?
  37. Ако се збогатите на наградна игра дали би дале отказ на работа?
  38. Дали повеќе сакате да имате помалку работа, или повеќе работа која сакате да ја работите?
  39. Дали се чувствувате дека денешниот ден сте го живееле 100 пати?
  40. Кога последен пат сте измарширале во мрак опремени само со мекиот сјај на идејата во која силно верувате?
  41. Кога би знаеле дека утре ќе умрат сите што ги познавате, кого би го посетиле денес?
  42. Дали би се сложиле да живеете 10 години помалку за да станете исклучително атрактивни и познати?
  43. Која е разликата меѓу, да се биде жив и вистински да се живее?
  44. Кога е времето кога ќе престанете да ги предвидувате ризиците и наградите и само ќе тргнете напред и ќе го работите она што знаете дека е исправно?
  45. Ако учите од своите грешки тогаш зошто толку се плашите дека ќе погрешите?
  46. Што би направиле поинаку ако знаете дека никој нема да ве осудува поради тоа?
  47. Кога последен пат сте го забележале звукот на сопственото дишење?
  48. Што сакате? Дали со некоја неодамнешна акција отворено сте ја изразиле таа љубов?
  49. Дали во наредните пет години ќе се сеќавате што сте правеле вчера? А ден пред тоа?
  50. Одлуките се донесуваат сега. Прашањето е: дали вие ги донесувате или оставате другите да ги донесат за вас?
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: